Јасно е дека пејачката Дара Бубамара сака да троши и воопшто не се срами да го покаже тоа.
Овој пат таа позираше во брзиот автомобил, а во рацете држеше два неотпакувани ајфони.
Иако не се знае дали се работи за најновиот модел, со оглед на тоа колку Дара сака да троши, нема сомнеж дека нивната цена е вртоглава.
Инаку, Дара поседува бел мерцедес, кој повеќе пати потенцираше дека сама го купила, а за кој издвоила цело богатство.
Пејачката издвоила многу пари за „лутиот ѕвер“, бидејќи цената на нејзиниот нов автомобил на пазарот се движи од 150.000 евра па нагоре.
Фото: Принтскрин/Instagram/darabubamara_official