Радио Милева преку ноќ ја снема

По кавгата со мајка и’ околу наследството на српската пејачка и се губи секој траг: Дуња Илиќ едноставно исчезна?! (ФОТО)

По кавгата со мајка и’ околу наследството на српската пејачка и се губи секој траг: Дуња Илиќ едноставно исчезна?! (ФОТО)

Пејачката Дуња Илиќ, според социјалната мрежа Х, се води како исчезната од 24 ноември. Дуња Илиќ до пред само неколку дена јавно се тепаше со членовите на семејството за наследството, при што ја гризна мајка си, по што упати низа навреди кон Милан Станковиќ.

Откако ги објави овие обвинувања на својот Инстаграм, Дуња целосно исчезна. Илиќ од 24 ноември не споделила ништо на социјалните мрежи, што и се смета за чудно, а наводно не се јавува на ничиј телефон. Сепак, се појавија информации дека на социјалната мрежа Х врие од апели да се  пронајде поранешната пејачка, упатени од соседката на нејзината мајка:

„Следбеници, ве молам, Дуња е многу лошо. Со месеци ја малтретира мајка си. Поради неа Мира пред неколку месеци го продала својот стан. Од станот постојано се слушаат лелеци и повици. Ги замолуваме сите што знаат нешто за неа да не известат. Наводно се крие во некој стан или хостел. Помогнете, ве молам. Пишете му на син ми“ – стои во објавата е на оваа социјална мрежа.

Фото: Инстаграм/ddunia_

To top