Радио Милева тесни и тенки

„Кога веќе прашуваш да си кажам!“: Ирена Спасовска откри каков маж може да ја освои (видео)

„Кога веќе прашуваш да си кажам!“: Ирена Спасовска откри каков маж може да ја освои (видео)

Македонската пејачка Ирена Спасовска беше гостинка во неодамнешниот поткаст кај јутјуберот Стефан Лазаров.

Интересните прашања успеаја да ја вратат назад во годините па се потсети на успехот од почетокот на кариерата, но проговори и за љубовта и врските.

Но, она што остави впечаток беше одговорот на прашањето „Какви мажи сакаат жените?“, па кога веќе ја прашаа,  Ирена јасно кажа какви мажи сака лично таа.

Пејачката одговори малку описно и речиси сериозно навлезе во тоа за да долови точно каков маж може да ја освои.

„Каков маж може да те освои, ме интересира?“  – директно ја праша Лазаров.

„Тој маж јас би го препознала и кога ќе ми светнат очите тогаш тоа е тоа! Да прави муабет, со внимание да те слуша додека правиш муабет, да не му бега вниманието на друга страна. Нема полошо од маж кога ќе седне со жена и мисли на спортска прогноза. Ние жените сакаме да зборуваме, малку да ни се даде почит“.

Сепак, најмногу го привлече вниманието со описот што го даде за тоа кој според неа е идеалниот физички изглед на мажот на со кој „може да падне“.

-„Не мора да биде премногу убав, единствено што не сакам тоа е маж со тесни рамења и со многу тенки усни… тоа не сакам“!  – потврди Ирена.

@lazarovfanpage5 KAKVI MAZI SAKAT ZENITE! #zeni #maz #ljubov ♬ original sound – lazarovfanpage

Инаку, фолк пејачката Ирена Спасовска официјално е слободна жена, а од бившиот бракот  ја има ќерката единица, нејзината наследничка Тамара.

Фото: Принтскрин/TikTok/lazarovfanpage5

To top