Радио Милева има ли вистина?

Криза во бракот: Меси ја изневерил сопругата Антонела со атрактивна новинарка?! (фото)

Криза во бракот: Меси ја изневерил сопругата Антонела со атрактивна новинарка?! (фото)

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси и неговата сопруга Антонела Рокузо доживуваат криза во нивната врска, пренесува бразилското издание „Terra“, повикувајќи се на шпански извори.

Изданието тврди дека фудбалерот имал афера со аргентинската новинарка Софија Мартинез, поради што бракот на двојката е на работ на колапс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofi Martinez Mateos (@sofimmartinez)

На оваа информација одговори сопругата на поранешниот играч на Барселона, Францеск Фабрегас, Даниела Семаан, која е блиска до семејството Меси.

– Каква вест е ова? Глупости, каде што нема ништо вистина. Имајте на ум дека шпанските извори на кои се повикува бразилското издание не се именувани, што фрла сомнеж врз оваа информација, напиша сопругата на Фабрегас на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

Меси и Рокузо се во врска од 2008 година, а парот се венча во 2017 година. Триесет и шестгодишниот Аргентинец игра за Интер Мајами од јули 2023 година. Во текот на кариерата играше и за Барселона и ПСЖ. Меси е сопственик на осум Златни топки.

Освен тоа, вниманието на интернет го привлече и фактот што Антонела не излезе на сцената со децата за да го прослави освојувањето на „Златната топка“ на нејзиниот сопруг.

фото: Printscreen You tube/ Instagram / antonelaroccuzzo / sofimmartinez

To top