Моделот Александра Накова пред неколку години беше доста активна во поглед на фотосесиите од работата како модел.
Откако стана мајка, ангажманите како да ги запостави, но затоа од пред извесно време нејзино примарно портфолио кое го полни е профилот на социјалната мрежа Инстаграм.
Изминатиот продолжен викенд, како и повеќето така и Накова го искористи за релаксација на море на југ, каде заедно со својата пријателка Мелита повторно се упатија да ги полнат батериите.
Како што е ред Накова сподели неколку фотографии од таму, што од хотелот, што од плажа…
На една од истите се најде и коментар од Хелена роза која и напиша ласкав комплимент на Накова, порачувајќи и дека е многу, многу убава.
Реткост е жена на друга жена да даде пофален коментар, а Хелена очигледно е една од тие дами кои не се штедат да пофалат кога нешто им е убаво на око кај понежниот пол.