По многуте патувања низ светот за презентација и промоција на македонската традиционална кујна, снимањата на емисии, како и настапите како пејачка, Адријана Алачки периодов е на домашна територија.
Изминатиот викенд таа беше поканета како гостинка на една свадбена прослава каде како што е ред се подготви во елегантно и женствено издание.
Алачки не ретко знае да изненади со изгледот кога се во прашање настапите и присуството на свечености.
Ако преку ден е нешто по конзервативна, па и традиционална на снимање, за останати прилики знае да ја изнесе провокацијата од себе.
Овој пат облече транспарентен горен дел под кој се гледаше нејзиниот црн градник и бујното деколте.
Фотографиите на најдоа на нејзиниот Инстаграм профил каде се пофали дека имала забавен викенд, но секако и со комбинацијата која ја имаше на себе.