Бритни Спирс повторно шокира со објава на Инстаграм, овој пат со слика од мускулест маж за кој тврди дека и е вујко.
Бритни не смирува на социјалните мрежи, а секоја нејзина објава предизвикува бројни контроверзии.
Сега ѕвездата објави фотографија од полугол маж, чиј грб се гледа во огледалото. „Вујко ми“, напиша таа и додаде „што ако неговиот грб е моето лице? збунувајќи ги сите.
На фотографијата се гледа дека непознатиот маж, кој го крие лицето, носи само сиви шорцеви и златно ланче околу вратот.
Според Page Six, сите чичковци на пејачката се многу постари, па таа дефинитивно сакала да се пошегува со описот, додавајќи емоџи што намигнува. Бритни ја објави фотографијата набргу откако се појави видео на кое нејзините синови уживаат на даска за сурфање на Хаваи со нивниот татко Кевин Федерлајн, со кој сега живеат.
Фото: Принтскрин/Instagram/britneyspears