Дина Јашари (23) е млада и талентирана кантавторка која со нејзините авторски песни го освои Балканот. Ја доби наградата „Милан Младеновиќ“ која ја доделува истоимената Фондација од Белград која има за цел да поддржи млади артисти од регионот кои творат на својот мајчин јазик. Песните ги создава секаде, додека е во движење, на велосипед, во парк, автобус, автомобил, дома… Така барем изјави во едно од своите интервјуа.
По „последна минаута“, „Зборови“, „Бои“, „Копнежи“, „Досада“, „Дома“…. Дина деновиве ја промовира својата нова песна „Не сум твој сон”. Автор на музиката и текстот е самата Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.
Не сум твој сон има и свој видеозапис режиран од Александра Костадиновска, снимен од Дарко Митев, монтажата е на Дарко и Александра. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лука Тошев, кој надвор од оваа улога е клучен член во бендот „Дина и пријателите“ кој ја придружува пејачката на сите нејзини настапи во живо.
Како звучи и изгледа кога Дина некому „ќе му го скрши сонот“, проследете во видеото за „Не сум твој сон“ , во продолжение: