Гоца Божиновска живее во својата вила во Сурчин заедно со семејството, а малкумина знаат како изгледа нејзиниот дом зад затворени врати.
Гоца не е претерано активна на социјалните мрежи, но во една прилика покажа дел од луксузната куќа. На фотографиите кои таа ги објави на Инстаграм може да се види скап мебел во боја на злато, додека целата куќа е опремена со стилски мебел.
Луксузниот имот има и луксузен двор со базен каде пејачката често го поминува слободното време.
– Овде сум 20 години и навикната сум на Сурчин затоа што живеев во овој крај девет години пред да се вселам. Овој дом ги чува најубавите спомени што ги имам, особено оние поврзани со мојот покоен сопруг, раѓањето на нашите деца, нивното детство… Никогаш, ама баш никогаш не би се иселила од него. Тука е мојата среќа. Децата доаѓаат и си одат, но јас останувам.
Што би рекла тетка ми: „Ќе останеш во таа куќа додека снаата не те избрка“. И тогаш можеби би ги спакувала куферите и би заминала, само да го израдувам мојот Мирко – изјави еднаш пејачката.
Фото: принтскрин/Инстаграм/Гоца Божиновска/Марина Лопичиќ