Марина Туцаковиќ истакна дека по операцијата на туморот, резулатите се подобри, но дека ќе треба уште многу време нејзината здраствена состојба да биде потполно добра.
Во интервју за „Блиц“, Марина отрки дека сегашните резултати биле подобри од оние на 7 февруари кога дознала дека има рак на градата.
„Сега се чувствувам добро. На одмор сум. Не можам потполно да бидам добро, се уште примам терапии и уште нешто. До потполно оздравување треба да помине уште време, вели Марина и додава:
„Ќе видиме, не знам дали најлошото помина или не. Времето е потребно за се, така и за моето оздравување, вели Туцаковиќ.
Таа истакна дека некои денови се чувствува подобро, некои полошо, но дека да се откаже.
По операцијата во Белград, Марина лекувањето го продолжи во Германија.
„Не се оперирав во Германија, таму бев на терапија која ми ја препорачаа лекарите. По три месеци ги покажува резултатите, така да наскоро ќе знам каков е резулатот од терапијата“, вели Марина.
Таа моментално се одмара надвор во Војводина во друштво на пријателка.
„Се трудам да „избегам“ од Белград. Ми годи природата и да ги наполнам батериите за она што следува, вели Туцаковиќ.
фото: рас србија