Радио Милева жирито под силни импресии

Велешанецот Мики Секуловски со моќната интерпретација ја оддува сцената на „Ѕвездите на Гранд“: „Како тебе не бил ниеден досега“ (видео)

Велешанецот Мики Секуловски со моќната интерпретација ја оддува сцената на „Ѕвездите на Гранд“: „Како тебе не бил ниеден досега“ (видео)

Оваа тековна сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Македонија повторно има потенцијален кандидат за победа на кој уште сега му се наклонети членовите на жирито.

Станува збор за велешанецот Мики Секуловски(36) кој уште еднаш со својот моќен вокал предизвика ураган на сцената. Мики го импресионираше жирито со изведбите на „После сите овие години“ на „Бело дугме“ и „Алфа Ромео ГТА“ на Дадо Топиќ.

Секуловски веќе искусен на сцена од шоуа за таленти каде настапувал неколкупати, овој пат уште поискусен, посигурен и посамоуверен. Жирито очекувано воодушевено од она што имаше прилика да го види и слушне, а особено Ѓорѓе Давид, кој иако не е ментор на Мики, беше највозбуден.

Откако ги освои сите шест гласови, следеа и ласкавите коментари, паднаа и прегратки и бакнежи. Ѓорѓе Давид отиде на сцена и го прегрна Мики, а не ја заобиколи ниту Цеца како негова менторка, па ја бакна.

-И сега ќе ме „пресечете“ затоа што треба да излезам да бакнам Македонец. Никој никогаш не се осмели да ја пее од Топиќ оваа песна што ја избра. Ти благодарам за тоа, навистина уживав – рече Ѓоле, а Саша Поповиќ му даде сугестија:

– Да сум јас на твое место, ќе дојдам да ја бакнам Цеца како негов ментор – рекол Поповиќ, а Ѓоле притрча и ја бакна Цеца.

– Па што е, пееше човекот, а не јас? – праша Цеца и објасни:

– Рече дека добив бисер, а јас велам кошница со бисери.

– Одам да го гушнам мојот кандидат – рече Цеца и излезе на бината.

Марија Шерифовиќ пак, можеби го даде она најласкавото за Мики. Имено, таа направи споредба меѓу досегашните рокери учесници на „Гранд“, а Секуловски го издвои како најдобар досега.

– Овде имаше неколку рокенрол изведувачи кои оставија трага. Исак, Ханад, Јосифовски. Вие сте убедливо најдобри кога станува збор за музика, беше видувањето на Марија која важи за еден од најстрогите, но и најреалните членови на жирито.

Се’ на се’ Мики Секуловски ја оддува сцената и жирито на „Гранд“, така што од неговите следни изведби ќе се очекува истото, ако не и повеќе.

Во продолжение од видеото на 1:50 погледнете како изгледаше целото тоа:

фото:Јутјуб принтскрин/Ѕвездите на Гранд

To top