Водителката на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ Драгана Катиќ доживеа незгода на снимањето на емисијата пред две години, а последиците од падот ги чувствуваше долго после тоа.
Кога таа сакаше да се симне од сцената се засопна и падна, а во таа незгода го свитка и зглобот, по што подоцна и предизвика хематом на коленото.
Сепак таа тогаш покажа колкав професионалец е, бидејќи и покрај повредата веднаш стана на нозе со високите потпетици и се врати на сцената да го води шоуто како ништо да не се случило.
View this post on Instagram
-Луѓето не знаат дека не е секогаш лесно. Мислат дека се е сјајно и гламурозно. А не знаат колку луѓе треба да се поминат во текот на емисијата за да биде добар финалниот производ, изјавила во таа прилика Драгана уверувајќи ги луѓето дека навистина работат под тешки околности и услови.
фото:Инстаграм принтскрин/Драган Катиќ