Радио Милева вешта мајсторица

Нејзиниот татко има милиони, а таа своите услуги ги наплатува 20 евра: Еве со што се занимава ќерката на Бреговиќ (фото)

Нејзиниот татко има милиони, а таа своите услуги ги наплатува 20 евра: Еве со што се занимава ќерката на Бреговиќ (фото)

Горан Бреговиќ со децении е во среќен брак со Џенана, некогаш една од најубавите сарајки. Имаат три ќерки – Ема, Лулу и Уна, со кои можат да се гордеат бидејќи сите се успешни во своите професии.

Интересно е што сите три се различни религии, кои самите ги избрале. Од родителите го наследиле сето најдобро – добар изглед од мајка, талент од татко. Најстарата, Ема, магистрирала ликовни уметности во Нант, а нејзините дела можевме да ги видиме на изложби во Белград.

Средната ќерка Уна (21) избра актерство, додека најмладата Лула, која во мај наполни 19 години, е заинтересирана за модата и дизајнот. Но, ако и се верува на последната објава на Инстаграм, таа изработува нокти. Поточно со цртање на ноктите уметнички.

Како што наведува во објавата, таа работи во својот дом (во Париз), а не во салон, па ги „предупреди“ клиентите кои се алергични на мачки да го имаат на ум тоа.

Како што гледаме на фотографиите, нејзините нокти се прилично долги и имаат интересни мотиви, па очигледно е вешт мајстор.

Ценовникот не е тајна: дизајнирањето на природни нокти чини 20 евра, за гел комплет треба да одвоите од 30 до 40, во зависност од големината, додека целосниот слободен стил чини 45 евра.

Лула има и интересен моден стил, а очигледно е љубител на тетоважи.


Фотографијата приложена на нејзиниот Инстаграм е секси и провокативна, па оттука ќерката на Брега дополнително станува се поинтересна за јавноста, особено за посилниот пол, ако оваа фотка воопшто е лично нејзина.

фото:Инстаграм принтскрин/-chris-jackson-getty-images

To top