Радио Милева искрена

„Не ме научија да верувам во Господ“: Дијана Ѓоковиќ откри како се крстени нејзините деца (фото) 

„Не ме научија да верувам во Господ“: Дијана Ѓоковиќ откри како се крстени нејзините деца (фото) 

Мајката на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ откри дека не пораснала во религиозно семејство.

Како што истакнала во едно интервју, уште од мала не била научена да верува во Бог и никогаш не славеле Божиќ и Велигден.

– Моите родители се католици, но некако партијата и комунизмот ги воспитаа. Се изјаснија како Југословени. Не ме учеа од детството, ниту имав што да верувам во Бог. Не славевме ниту Велигден, ниту Божиќ. Не можев да им го пренесам на децата бидејќи го немав тоа, ќе бидам искрена – признала Дијана.

Ѓоковиќ потоа откри дека Новак се крстил заедно со неговиот брат Марко во мај 1992 година на барање на Станка, мајката на Срѓан Ѓоковиќ.

– И во семејството на Срѓан не се крстиле, бидејќи не можеле или не смееле да се крстат. Покојната мајка на Срѓан, Станка, беше тешко болна од рак на коските при крајот на својот живот и се очекуваше да умре. Таа навистина сакаше да ги крсти децата пред нејзината смрт. Така, во мај 1992 година, кога Новак имаше пет, а Марко немаше ниту една година, конечно решивме да се крстиме – изјавила Дијана за „Спутник“.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес

To top