Иако е дете на познати родители, не се знае многу за животот на Јован, но она што наследникот на Злата Петровиќ и Зоран Пејиќ Пеја не го крие е дека мајка му го добила преку инвитро оплодување.
„Мајка ми не можела да остане во блажена состојба, заминала на Ин витро, јас сум дете од епрувета и не се срамам од тоа. Никогаш, навистина никогаш не ми пречеше, а ниту друштвото околу мене“ – изјави тој во една емисија.
Јован тогаш откри како фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ и помогнала на мајка му да забремени.
„Мама откако не можеше да остане бремена долго време, совети добила од Цеца Ражнатовиќ, која и препорачала лекар, благодарение на која преку ин витро, успеала да забремени. Јас сум дете од епрувета“ – рече Јован.
Синот на Злата и Пеја откри дека го одгледала баба му затоа што родителите немале време за тоа поради работата, а додал дека баба му имала најважна улога во неговото детство, бидејќи неговите родители често патувале.
„Баба ми најмногу придонесе за моето воспитување. Бидејќи моите родители речиси никогаш не беа дома. Имаа турнеи. Мама Злата и Пеја не беа дома по 20-30 дена. Имав жени кои се грижеа за мене. Кога умре дедо ми, баба ми се пресели кај нас. Потоа таа ме презеде. Таа ме научи да бидам скромен. Мама ме научи да не бидам искомплексиран. Научив од татко ми да не одам во кафеани и да не се расправам и тепам. Но сепак, животната приказна ја научив од баба ми“ – истакна тој.
Фото: Informer/cecaraznatovic/zlatapetrovic_fan