Пејачката Драгана Мирковиќ раскажа досега непознати детали од нејзините концерти.
Една од најголемите регионални ѕвезди Драгана Мирковиќ проговори за непредвидените ситуации кои и се случиле на настапите во нејзината 40-годишна кариера.
– Имаше различни ненадејни ситуации во кои требаше да се реагира во секунди. Зборувам за деведесетите, во еден момент треба да почне кореографијата и да почнам да пеам, се случува да снема струја и да е темно. Размислувам што да правиме сега. Дали треба да стоиме, јас сум напред и јас сум лидер, морам да се снајдам на таа сцена, морам брзо да размислам и да реагирам – рече пејачката и откри како го решила проблемот:
– Ги одведов девојките до крајот на сцената и почнав да пеам, а кога се се врати во нормала публиката беше воодушевена. Замислете само да стоевме една минута ? Знаете ли што е минута на сцената, добро е како час и половина. Тоа е катастрофа! На крајот сите се прашуваа дали тоа е намерно, никој не ни забележа што се случи, мислеа дека намерно го почнав настапот така – изјави Драгана.
Да потсетиме, Дргана ќе прослави полни четири децении кариера со концерти на 29 и 30 декември во „Штарк Арена“, а турнејата што почнува во Белград.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Драгана Мирковиќ