Популарната пејачка Селин Дион се соочува со сериозни здравствени проблеми, поради што мораше да ги откаже сите работни обврски.
Селин Дион јавно откри дека ѝ е дијагностициран синдром на вкочанета личност (SPS), а во мај минатата година им се обрати на своите фанови и објави дека има големи шанси никогаш повеќе да не настапи.
Поради оваа ретка болест, таа страда од силни болки и грчеви, што резултираше со откажување на турнејата.
По откажувањето на турнејата, Селин Дион речиси и не се појавуваше во јавноста.
View this post on Instagram
Меѓутоа, сега се објавени нејзини фотографии од хокеј натпревар во Лас Вегас, каде пејачката навивала за родниот Монтреал.
„Одлична посетеност на нашиот натпревар во Вегас вчера. Ти благодариме Селин Дион за твојата великодушност. Целиот тим е многу среќен што те запозна тебе и твоето семејство“, соопшти канадскиот тим заедно со фотографии со пејачката.
View this post on Instagram
Судејќи по фотографиите, Селин Дион била добро расположена, а фановите се надеваат дека овие фотографии се показател дека пејачката успешно закрепнува.
фото:Инстаграм принтскрин/Селин Дион