Радио Милева навидум сосема обичен ден

Еве што барал Метју Пери од асистентот непосредно пред смртта (фото)

Еве што барал Метју Пери од асистентот непосредно пред смртта (фото)

Според пишувањата на „TMZ“, сега е познато дека актерот Метју Пери имал две барања кои му ги упатил на својот асистент само неколку часа пред неговата смрт.

Имено, откриено е дека Пери побарал од еден од своите вработени да му купи нов „iPhone“ и диоптриски очила. Асистентот заминал да ги набави работите, а потоа се вратил два часа подоцна и го пронашол телото во џакузито.

Како што пишуваат американските медиуми, асистентот најпрво се јавил на мајката на Пери, потоа на еден од неговите браќа и на една жена која не е фамилијарно поврзана со актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)


За потсетување, познато е дека итната служба била испратена во неговиот дом во Лос Анџелес во 16:07 часот во саботата. Лекарите се обиделе да го спасат додека сè уште бил во џакузито, но обидите да го оживеат биле неуспешни и на местото на настанот била констатирана смрт.

Во моментов се истражува можната причина за смртта, но не се сомневаат дека има кривично дело или консумирање недозволени наркотици. Сега се чека токсиколошкиот извештај, а резултатите од истиот се очекуваат дури за неколку недели од сега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

Во моменталните податоци, за статусот на причината за смртта на Пери стои дека „сè уште е во тек бидејќи трае дополнителната истрага“.

фото:Instagram printskrin

To top