Пред 27 години светот со ентузијазам го гледаше филмот на Роберт Родригез „Од зајдисонце до мугри“ со Џорџ Клуни, Квентин Тарантино, Харви Кајтел, Салма Хајак…Селма го играше ликот на Сантанико Пандемониум, којa имаше егзотична танцова сцена со змија во филмот.
Нејзината хероина беше копирана од бројни убавици особено за „Ноќта на вештерките“ со години по објавувањето на филмот, а сега тоа го направи и ријалити старлетата и милијардерка Ким Кардашијан.
View this post on Instagram
Ким даде се од себе за да личи на Салма Хајак, дури имаше и албино питон змија завиткана околу половината, а следбениците го пофалија нејзиниот изглед, но не и нејзиниот настап:„Ти си добра, но Салма беше многу подобра“, гласеше еден од коментарите.
Вие поледнете го убаво најзиниот перформанс, а потсетете сие и на оригиналот, па сами одберете која повеќе ви се допаѓа, Салма или Ким?