Познатата актерка Маргот Роби летово беше во центарот на вниманието на светската јавност поради главната улога на познатата кукла Барби во филмот на Грета Гервиг „Барби“ во кој игра со Рајан Гослинг.
Австралиската актерка, која за оваа улога беше платена 12,5 милиони долари, на црвениот тепих ја гледаме во гламурозни и елегантни комбинации, а веќе неколку пати на различни листи е прогласена за најубава жена на светот.
View this post on Instagram
Додека се релаксира со пријателите, актерката природно го одмора лицето од тешката шминка.
View this post on Instagram
Папараците во неколку наврати ја уловија ѕвездата од филмот „Барби“ во природно издание. Без фотошоп, филтри и кога во близина нема стилисти кои ќе се грижат за нејзиниот стајлинг.
Фотографиите се направени на повеќе дестинации, од Грција до Мексико, а на нив се гледа како актерката ужива на одмор со сопругот кој е филмски продуцент Том Акерли и пријателите.
фото:Backgrid/Instagram