Промотер

Џокер на „Макфест 2023“ ја имаше Антониа Гиговска во публика и „Кошула бела“ на сцената (ВИДЕО)

Џокер на „Макфест 2023“ ја имаше Антониа Гиговска во публика и „Кошула бела“ на сцената (ВИДЕО)

На 38-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“ во Штип, а според новинарската критика, а и коментарите на публиката, ова година можеа да се слушнат навистина одлични композиции.

Една од нив дефинитивно беше и  „Кошула бела“ на дебитантот на овој фестивал, музичарот и пејач Роберт Спасенцовски кој се крие зад уметничкиот прекар Џокер, кого јавноста подобро го запозна откако и стана момче, а потоа и сопруг на поп пејачката Антониа Гиговска.

Џокер настапи за првпат на овој фестивал, на првата фестивалска вечер, а иако „за влакно“ не успеа да обезбеди пласман за во втората, онаа ревијалната вечер, тој дефинитивно според многумина ја има една од најдобрите песни на ова 38-мо издание на „Макфест“.

„Искрен да бидам, ниту на крај памет не бев дека ќе пеам на „Макфест“. Сосема случајно се случи тоа. Имено, песната уште пред дваесетина дена ја пуштив на еден мој пријател да ја слушне и на негово инсистирање реши да ме „спои“ со уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов. Се сретнавме, Саздов ја слушна песната и веднаш ми понуди да настап на „Макфест“. Размислував неколку дена и решив да ја прифатам понудата. Јас одлично поминав на фестивалот, за мене едно ново искуство.

Најважно од се ми е што добивам секојдневно позитивни коментари за песната“ – изјави Џокер“ кого неговата соруга и колешка Антониа Гиговска сесрдно го бодреше од публиката за време на неговиот макфестовски настап на сцената на домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Инаку младиот артист за оваа песна сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште десетина други статисти од сите возрасти… како сето звучи и изгледа проследете во продолжение:

To top