Се чини дека кралицата на попот Мадона е неодостижна кога станува збор за продажба на музика и заработка од неа, според Гинисовата книга на рекорди.
Познатата американска пејачка, која деновиве е на турнеја низ светот на својата турнеја „Celebration“ по повод одбележувањето на четириесет години од својата легендарна кариера, го обнови рекордниот статус на најпродавана изведувачка на сите времиња.
Congratulations to the iconic @Madonna, who has had several records updated including being the highest grossing female touring artist and the biggest selling female recording artist of all time 💫
— Guinness World Records (@GWR) October 25, 2023
Мадона минатата година за време на интервјуто за „Ноќното шоу“ со Џими Фалон изјави дека во текот на нејзината кариера има продадено над 400 милиони плочи – албуми, синглови и дигитални синглови.
Иако е тешко да се добијат точни бројки за продажбата, нашироко е познато дека само Битлси, Елвис Присли и Мајкл Џексон продале повеќе плочи ширум светот, што ја прави Мадона најпродаваната пејачка на сите времиња.
Уште поимпресивно е што таа го држи овој рекорд од 2009 година, а никој друг не се доближил да ја победи, според Гинисовата книга на рекорди.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Мадона/Х