Убавината е императив во забавната индустрија, па многу познати личности одат под нож за да го зачуваат својот младешки и блескав изглед. И ќерката на музичарот Лени Кравиц, Зои, не остана имуна на естетските корекции, но еден хирург оцени дека нејзините промени се на полошо.
Естетичар од Лондон, кој се нарекува Доктор Џони на социјалната мрежа Тикток, даде свои претпоставки за тоа што Зои направила со нејзиното лице и на тој начин го промени нејзиниот личен опис.
Џони рече дека е шокиран од трансформацијата на Зои Кравиц. Нејзиното лице значително се промени од 2020 година. Кога погрешно ги правите козметичките промени или избирате лекари кои спроведува погрешен третман, тоа може да ја намали вашата природна убавина наместо да ја подобри, додаде тој.
Забележал дека Зои има многу понежни црти на лицето во облик на срце и дека со интервенциите што ги правела, нејзиниот изглед станал многу поостар.
@drjb.aesthetics Zoe Kravitz face transformation #zoekravitz #zoekravitzedit #celebritynews #celebritygossip #plasticsurgery #cosmeticsurgery ♬ original sound – Dr Jonny
– Според мене, таа го отстрани салото под образот и стави имплант во брадата, бидејќи целата контура на долната половина на лицето е променета. Јаболчниците се многу понагласени, како и линијата на вилицата. Мислам дека претерала – рекол доктор Џони во своето видео кое го погледнале повеќе од еден и пол милион луѓе.
фото: vittorio-zunino-celottogetty-images/Frazer Harrison/Getty Images/Gareth Cattermole/Getty Images for Warner Bros