Радио Милева и приоѓаат на секој чекор

Јелена Розга призна дека има додворувачи, но најмногу од припадничките на понежниот пол (фото)

Јелена Розга призна дека има додворувачи, но најмногу од припадничките на понежниот пол (фото)

Хрватската пејачка Јелена Розга има додворувачи насекаде, а сега откри дека жените и приоѓаат на секој чекор.

Таа тврди дека само културно се заблагодарува за комплиментите што ги добива, па убаво објаснува дека врската не и е приоритет во овој период.

– Има многу господа кои ми приоѓаат каде и да ме сретнат, па мислам дека сѐ уште не сме изгубиле вистински мажи, како што велат. И жените ми приоѓаат, но секако дека не ме интересираат врски. Добив и предлози за брак, сето тоа се комични ситуации. Моментално фокусот ми е на кариерата и снимањето на нови песни. Не сакам премногу да зборувам за мојот љубовен живот, тоа не ја интересира мојата публика. Луѓето ме сакаат поради песните, поради енергијата што си ја пренесуваме на концертите, кога се дружиме и мислам дека тоа треба да биде важно. Не знам што некому му е гајле да зборувам со кого сум во врска и кој е мојот партнер. Не е важно – објаснила Розга.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ј.Розга

 

To top