Пејачката Наташа Беквалац со години важи за една од најубавите жени на овие простори.
Таа со децении е верна на својот стил и русата коса, а сега реши да направи промена.
Од кога зачекори на јавната сцена, нејзината долга руса коса и витката фигура се нејзин заштитен знак, а публиката имаше можност да ја види во други изданија само неколку пати, во одредени видеа.
Сепак, пејачката сега реши да се смени, а благодарение на новата фризура го промени и личниот опис.
Имено, пејачката остана доследна на својот стил, па ја задржа русата коса, но ги скрати шишките, а со процесот се пофали на својот Инстаграм профил.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Наташа Беквалац