Радио Милева скандал

Нејзината желба за малку ќе се исполнеше: Едита Арадиновиќ ја пропушти можноста да стане актерка, а еве зошто (фото)

Нејзината желба за малку ќе се исполнеше: Едита Арадиновиќ ја пропушти можноста да стане актерка, а еве зошто (фото)

Едита Арадиновиќ повеќе од една деценија повеќе или помалку успешно се занимава со музика. Имала различни планови, но секогаш кога сакала да ги реализира нешто ја спречувало, па првиот албум го објавила дури по 13 години поминати на естрадата.

Во меѓувреме имаше неколку успешни синглови и неколку дуети, но освен тоа сакаше да се испроба и на некои други работи за кои сонуваше уште од детството. Еднa од нив била да игра на филмското платно и таа за малку ќе го направеше и тоа.

Како што дознаваме од извор близок до пејачката, Едита добила улога во филм кој се уште се снима и може да биде многу успешен со оглед на тоа дека се работи за голем проект од кој се очекува многу. И веќе се беше договорено и подготвено, но во последен момент беше исфрлена од проектот. Точната причина за ваквата одлука на продукцијата е, како што дознаваме, големиот скандал кој се случи пред неколку месеци, кога во јавноста беше објавено видео на кое се гледа тепачка помеѓу Едита и нејзината сестра Индира Инди Арадиновиќ.

За тоа со денови се пишуваше во медиумите и на социјалните мрежи, се разбира во нулогаегативен контекст. Затоа продуцентите решија да ја откажат соработката со Едита, бидејќи не им одговара во нивниот проект да има личност која имала ваков скандал во блиското минато. На Едит ова и било многу тешко и со денови не се чувствувала добро, а често и плачела. Дека и денес и е тешко бидејќи остана без филмска улога, може да се заклучи од нејзините изјави во кои истакнува како тепачката со сестра и ги уништила плановите.

Фото: Принтскрин/Пинк Тв

To top