Радио Милева кој би рекол дека е тој?

Ваква драстична трансформација одамна некој не приредил: Македонскиот актер свесен за промената – „Абе јас сум!“ (фото)

Ваква драстична трансформација одамна некој не приредил: Македонскиот актер свесен за промената – „Абе јас сум!“ (фото)

Многумина ќе кажат дека денешните македонски народни приказни немаат врска со оние од некогаш. Времињата се изменети, критериумите поинакви, но и од таквата новокомпонирана телевизиска претстава има млади актери кои се издвојуваат по својата уникатност.

Еден од нив е Владо Дојчиноски кој слободно може да се каже дека е меѓу најпрепознатливите од новата постава.

Тој одлично знае да одглуми од сиромав до цар, а бидејќи промените се дел од неговата професија и секојдневие, Владо се реши тоа да го примени и приватно.

Па така, на изненадување на своите следбеници и пријатели, Владо се трансформираше во друг човек.

Навикнати да го гледаме со долга коса, брада или како мустаклија, тој сега смени се’ од тоа. Сосема ја скрати косата, а брадата ја направи во поинаква форма од што сме навикнале да го гледаме.

Свесен за драстичната разлика, тој сакаше да се пофали, па во описот на фотографијата напиша:

– Добар ден! Абе јас сум, Владо. Ги чекам новите приказни на Сител 12:00, напиша актерот.

Реакции очекувано имаше, но повеќето се согласија дека тој е омилен од поновите актери со и без коса и брада.

фото:Instagram/Facebook printskreen/Vlado Dojcinoski

To top