Најмоќната двојка од светскиот шоубизнис, Бијонсе и Џеј Зи, минатата недела ги воодушевија фановите на турнејата во Кардиф, а сега со нив споделија нешто невидено досега.
Имено, тие објавија емотивна снимка од церемонијата на која ги обновија брачните завети, каде главни ѕвезди беа нивните близнаци Руми и Сер и малата Блу Ајви.
А тогаш чепнаа и подлабоко, па објавија интимна фотографија од спалната соба. На едната од нив пејачката е крај сопругот потполно гола, а на себе носи само минијатурна танга.
Наредната фотографија се во страстна прегратка, а на едната Бијонсе на плажа позира целосно гола. Фотографиите се објавени во рамките на книгата за турнејата насловена „On the Run Tour“.