Јелисавета Орашанин важи за една од најатрактивните актерки. Таа ја освои публиката со својот актерски талент, но и со својата убавина.
Специфично за Јелисавета е темната боја на косата, но сепак актерката собра храброст и извади русокоси прамени.
Иако многумина сигурно се сомневаа како ќе изгледаат нејзините светли прамени, со оглед на нејзината претходна боја на коса, актерката објави фотографија на својата приказна на Инстаграм и ги увери сите кои мислеа дека оваа нијанса не и одговара.
Инаку, Јелисавета неодамна се врати од Италија во Србија, каде неколку години живееше со семејството.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Јелисавета Орашанин