Младата пејачка Лара Иванова која ги освои срцата на публиката особено со фестивалскиот хит „Бела“ испеан во дует со Пајак на минатогодишниот „Макфест 2022“, е се’ повеќе барана меѓу естрадните имиња.
Доказ за тоа се позитивните коментари кои ги добива, но и многубројните прашањата од нејзините обожаватели кои со нетрпение и пишуваат и ја прашуваат кога и каде ќе пее, преку Инстаграм прашањата на кои таа се одлучи да им одговори и јавно да ги сподели.
Меѓу нив имаше и доста лични прашања со цел следбениците што подобро да ја запознаат пејачката.
Таа сподели и една стара фотографија кога ја сними нејзината прва песна за детскиот фестифал „Супер Ѕвезда“на свои 5 години и беше јасно дека Лара допрва ја чекаат големи нешта.
Потоа откри и што би била доколку не беше пејачка, на што таа кратко и јасно одговори дека нејзиниот избор би бил балерина или актерка.
Затоа откри дека токму тоа и го студира: „На ФМУ, балетска педагогија“.
Пејачката кажа дека е висока 172 сантиметри, споделувајќи и фотографија на која позира како вистинска манекенка.
Тука се најде и прашањето за нејзините усни, дали се природни, а таа гордо потврди дека нема направено никакви естетски корекции.
Но, на интимното прашање дали има момче, таа одговори само со еден емотикон во облик на срце.
Секако, подготвена е за голема љубов , но најмногу од сѐ, бескрајно ги сака нејзините фанови.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лара Иванова