Радио Милева Моден судир

Јована Јоксимовиќ сакаше да и парира на Карлеуша пред камери, па излезе дека се на иста фреквенција (фото)

Јована Јоксимовиќ сакаше да и парира на Карлеуша пред камери, па излезе дека се на иста фреквенција (фото)

Јелена Карлеуша гостуваше во утринската програма на телевизијата К1, чиј водител е Јована Јоксимовиќ, а публиката покрај малите екрани можеше само да го проследи модниот судир кој се случи пред нивни очи.

Пејачката за време на гостувањето проговори за својата промоција на два албума, пристигна во розов краток фустан кој напред беше целосно затворен, додека грбот на пејачката го покриваа само црни ленти.

Целиот стајлинг го заокружи со очила и високи потпетици во иста боја, додека наместо долга руса коса, реши само да ја измазни својата природна коса до рамениците и да му даде на стајлингот сосема шик изглед.

Наспроти пејачката, водителката Јована Јоксимовиќ се појави во црно здолниште и виолетова проѕирна ролка која имаше тигарски принт со портокалови дезени.

Виолетовите салонки и новата боја на коса која ја извитка за ова шоу и дадоа на водителката гламурозен стил, а со Јелена беа на слична колорна феквенција.

фото:Instagram printskrin

To top