Дарко Лазиќ и неговата љубов од младоста Катарина неодамна се венчаа, а потоа приредија гала свадбена прослава.
Пејачот во неколку наврати потенцираше колку му е важна сопругата и нивната голема љубов, сега покажа дека заедно со Катарина го промени и начинот на живот.
Иако со години водеше битка со вишокот килограми и нездравите навики, поради кои дури и се оперираше за намалување на стомакот, Дарко сега покажа дека е упорен да го промени својот живот од корен, да се сврти кон здравјето и да ја доведе линијата до совршенство.
Денот го помина заедно со сопругата Катарина, а парот сподели фотографии на социјалните мрежи.
Дарко Лазиќ започна нова диета, а исто така, со Катарина, денот го помина во теретана.
фото: Принтскрин/Инстаграм