Радио Милева бродска славеничка

Ноне славеше роденден далеку од дома: Стаклена коктел пирамида од колегите и најубавите честитки од родниот Велес (ФОТО)

Ноне славеше роденден далеку од дома: Стаклена коктел пирамида од колегите и најубавите честитки од родниот Велес (ФОТО)

Македонската морепловка, екс пејачата  Ноне Неделковска одново е по белиот свет, но овој пат близу, во соседството или тука некаде… Најшетаната велешанка овој пат укотвена на убавиот син Јадран, во Хрватска… Древниот Дубровник, ба преубавиот Сплит се приатанишните места кои се логично најпримамливи за туристите откако големиот крузер ќе се укотви. И додека гостите го разгледуваат градот и неговите знаменитости, персоналот секско наоѓа по малку слободно време и за себе. По некој слободен час за сопствено рефреширање, оддишка, одмор на телото и умот и „туширање“ на душата.

Но, кога  имаш патувачка работа, „денот што го чекаме цела година“ може да те задеси било каде, најчесто далеку од дома. Така беше и овој пат кога Ноне роденденот го дочека работно во Хрватска.

Но “џепната венера“, на која сега многу повеќе и прилега епитетот „џепна сирена“ иако навидум осамена, далеку од тоа дека не најде начин како денот на раѓањето да си го одбележи… И тоа со она што најмногу сака и најповеќе на срце и лежи – слатки и коктели!

Најпрвин испружена во бикини на сончање на карпа, а потоа и во кафе барот на една хотелска тераса, Нона стаса сама себе си да се почести, но и да ги прими и прегледа сите роденденски честитки.

Од другар(к)ите, пријател(к)ите, познаниците, колегите… сите што ја знаат и познаваат!

Од сите што и се блиски и добро ја познаваат, а најмногу оние најблиските.

Па иако Ноне славеше роденден далеку од дома, но најубавите честитки пристигнаа токму од дома, од родниот Велес:

„Среќен роденден сестро…“  – честитка од нејзиниот брат Бојан се една заедничка фотографија зачинета со бакнеж, од морската палуба на прекуокеанскиот крузер, на кој домашните на славеничката поминаа во една од бројните тури.

Кога сме веќе кај домашните, честитката од мама Мимоза е секако онаа која спаѓа меѓу најпосакуваните и највредните. И овој пат како и досега, со плна поддршка до својата ќерка и она што избрала да го работи, но начинот на кој животот го живее … по свое:

„Мами… Годините не се важни… Сакај се себе си, биди позитивна, насмеана… Живеј го животот само како што ти сакаш… П.С. И ние те сакаме таква, каква што си… Среќен роденден“ – напишала гордата мајка во својата  Фејсбук честитка до нејзината сакана ќерка.

А дека слатаката мала велешанка  навистина одбрала да го живее животот како што многумина сонуваат, покажува и нејзиниот начин на роденденска прослава откако од брегот ќе се врати на бродската палуба.

Пирамида од колку што полни години, толку стаклени чаши, полни со најразлични коктели за колегите…

Па, колку години – толку пати наздравје за роденденското славје на Ноне!

Фото: Фејсбук/Mimoza Nedelkovska/Инстаграм/nona.nedelkovska

 

 

 

 

To top