По дуетот со Тоше Проески, тешко кој во Македонија ја заборави хрватската пејачка, текстописец и композитор – Антонија Шола.
Стана и несудена македонска снаа, но со тогашниот избраник ги прекинаа ветувањата и секој тргна по својот пат.
Кога е музиката и кариерата во прашање Шола е неуморна во богатење со музички дела, а на своите бројни обожаватели и следбеници како информации од работата, редовно им покажува и моменти од своето секојдневие во приватноста.
Едно такво секси и досега најпровокативно издание, сервираше на Инстаграм.
Легната во џакузи во проѕирна долна облека, Шола ја разбранува машката фантазија.