Радио Милева успорна до целта

Славната русокоса буцка ослабе 40 килограми, а се откажала само од едно (фото)

Славната русокоса буцка ослабе 40 килограми, а се откажала само од едно (фото)

Актерката Ребел Вилсон успеала да ослабе речиси 40 килограми за само една година, а како што открила за медиумите, успеала благодарение на правилната исхрана, редовното вежбање и исклучувањето на одредена храна.

Како што објави „Women’s Health“, 43-годишната девојка од своето мени ја отстранила храната богата со јаглени хидрати и масти, а во исто време го зголемила и внесот на протеини.

Ребел открила за „People“ дека консумирала околу 3.000 калории дневно, а со оглед на тоа што главно биле јаглени хидрати, таа сепак била гладна и се прејадувала во текот на денот. Откако се префрлила на диета богата со протеини, што било предизвик за неа бидејќи никогаш не јадела многу месо, тоа и помогнало да го трансформира своето тело и да изгуби тежина. Покрај тоа, таа била сита преку ден и немала потреба од грицки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Како што додала, најмногу јадела риба и посно месо како пилешко или мисирка. Покрај тоа, таа се обидела од менито да ги исфрли тестенините, брзата храна и сите други намирници богати со јаглехидрати. Наместо тоа, таа го зголемила внесот на овошје, но и зеленчук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Покрај слабеењето поради естетика, Вилсон првенствено ослабе за да го подобри своето здравје. Имено, таа со години се борела со неплодност поради вишок килограми, нередовна менструација и синдром на полицистични јајници. Исто така, таа била склона кон емоционално прејадување, што ѝ оневозможило да ослабе.

„Мислам дека отсекогаш сум јадела поради стрес, а понекогаш дури и сериозно се прејадував, пред се затоа што никогаш не сум се сакала доволно. Не бев задоволна со себе. Откако се хранам здраво и вежбам, имам многу повеќе самопочит и самољубие, што исто така одигра голема улога во мојата трансформација“, додала таа за People.

извор:Инстаграм принтскрин/Гети Имиџис/Профимедиа

To top