Српската поп дива Јелена Карлеуша по многу години беше на гости во Македонија по повод настапот во една скопска дискорека.
Оваа прилика ја искористи нејзината колешка и пријателка Тијана Дапчевиќ која ја повика како гостинка во својата емисија.
Во интервјуто кое траеше еден час, Карлеуша како и секогаш без влакна на јазикот проговори за со кого не се сака на српската естрада, на кого му простила и кому никогаш нема да му прости, а тоа секако беше Цеца Ражнатовиќ со која војуваат долги години.
Меѓу останатото Тијана не пропушти да ја праша и за бракот со Душко, а на тоа се надоврза и темата љубомора.
Јелена неочекувано откри дека Душко е љубоморен сопруг, а пак таа бидејќи тој е таков му возвраќа во иста мера.
-Знаете, еве сега ќе мора да се фотографирам и да му пратам фотографија каде сум и што правам, се пошегува таа.
Домаќинката пак додаде дека љубомората е оправдана кога е во нормални граници, а Јелена го потврди истото.
фото:инстаграм