Радио Милева раскошна просидба

Ќерката на Жељко Митровиќ – газдата на „ТВ Пинк“, по втор пат се вери за својот свршеник: Кристина овој пат му кажа „да“ на рускиот милијардер

Ќерката на Жељко Митровиќ – газдата на „ТВ Пинк“, по втор пат се вери за својот свршеник: Кристина овој пат му кажа „да“ на рускиот милијардер

Ќерката на сопственикот на Телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, Кристина Митровиќ денеска се сврши. Имено, Кристина Митровиќ веќе еднаш ја раскина свршувачката со своето момче Илија, кој е милијардер од Русија, но набргу тие се смириле.

Кристина  радосната вест од втор обид, сега ја сподели со своите следбеници на Инстаграм. Таа покажа прескап дијамантски прстен и напиша дека му кажала „да“ на идниот сопруг.

Инаку ќерката на Жељко Митровиќ и милијардерот Илија се запознале за време на нивното школување во Англија. Зетот на Митровиќ важи за еден од најмладите милијардери во светот. Има приватни авиони, возачи, обезбедување, многу скапи автомобили…

Инаку Илија оддамна ја навикна неговата српска избраничка да биде опсипана со скапи подароци по разни поводи.

Така за нејзиниот 22-ри роденден наследничката на Митровиќ од својот свршеник добила и Шанел чанта, дијамантски прстен на познатиот бренд „Cartier “, чија цена се движи до 20.000 евра…

Како и ланче со приврзок од истиот бренд кој чини неколку илјади евра.

Фото: Инстаграм/sixchick

To top