Радио Милева случаен брак

Тргнале на настап, а потоа… Раста откри како тој и Ана Николиќ решиле да се венчаат

Тргнале на настап, а потоа… Раста откри како тој и Ана Николиќ решиле да се венчаат

Стефан Ѓуриќ Раста откри дека „патем“ се оженил со поранешната сопруга, пејачката Ана Николиќ.

За време на емисијата „Амиџи шоу“ водителот Огњен Амиџиќ беше домаќин на Стефан Ѓуриќ Раста, Ксенија Кнежевиќ, Ѓани, Игор Паниќ Нуќија и Каја Остојиќ.

Раста зборуваше за различни теми кои се однесуваат на неговата кариера, но и неговиот приватен живот. По тој повод тој раскажа интересен детаљ за неговата венчавка со Ана.

– Се венчавме со одење на настап, а по пат застанавме кај општината – призна раперот.

Да потсетиме, Ана и Раста поднесоа документи за развод само еден месец по раѓањето на нивната ќерка Тара. Николиќ призна дека и било многу тешко да стави крај на нивната љубов.


– Ги поднесов документите за развод кога најмногу го сакав. Најтешката, но најправилната одлука. Би сакала да останевме во брак, но сепак имам пријател и имаме многу голема причина да бидеме благодарни на нашата љубов, бидејќи таа го донесе најсовршеното нешто на светот, а тоа е мојата ќерка Тара – изјави Ана. во емисијата „Магазин Ин“.

фотоInstagram printskrin

To top