Радио Милева разни комбинации

„Селфиња од лифтот“: Викторија Лоба зрачи со модна уникатност и храбар избор  (ФОТО)

„Селфиња од лифтот“: Викторија Лоба зрачи со модна уникатност и храбар избор  (ФОТО)

Модната уникатнност и храбриот избор се дел од стилскиот печат на македонската пејачка Викторија Лоба.

Таа во какво издание и да се појави без разлика каде и да е, секогаш ги собира погледите и позитивните коментари.

Неодамна, пејачката на следбениците  им покажа приватни „селфиња“ од лифтот со цел да ги инспирира, но и да им помогне во модниот избор.

Дека секогаш знае и умее како да привлече внимание и несомнено останува препознатлива со изостреното чувство за уникатните нешта докажа и сега.

Со леснотија откри дека поседува дарба за комбинирање но, она што привлече внимание е и како ги носи парчињата облека во комбинација на накит и модни додатоци и разни аксесоари.

Па освен тоа што имаме прилика да ја гледаме како дел од рекламните кампањи или на разни настани каде настапува, таа на Инстаграм секогаш има можност да сподели дел од нејзините приватни моменти и  излегувања како одлична инфлуенсерка.

Овој пат покажувајќи ја модата од лифт, додека  позира во разни комбинации кои одлично и прилегаат на нејзината витка линија.

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викторија Лоба

To top