Пејачката и харфистка Сара Мејс редовно го средува лицето, тренира и иако далеку од тоа дека е престарена, не се откажува од намерата да изгледа помладо. Таа е една од ретките јавни личности која едноставно се труди да го задржи природниот изглед.
Дека истиот го цени и најчесто одлучува да го негува своето лице на природен начин, докажа и сега откако се реши за еден тренд кој се наметнува во изминатиот период, а сепак внесува свежина во изгледот.
Овој пат на нејзиниот Инстарам профил, на кратките приказни кои редовно ги полни се најде една фотографија од Сара на која таа позира со нејзините нови веѓи и трепки.
На прв поглед пејачката многу се променила, а нејзиното воодушевување е толку големо што се гледа од самата фотографијата и начинот на кој таа позира.
– Најдобрата ламинација на веѓи и трепки што сум ја правела досега – напиша задоволно таа.
Ламинација на веѓите и трепките e хемиски третман со кој се подигаат природните влакна и се добиваат оформени и густи веѓи, а третманот вклучува и фарбање на веѓите.
Дека пејачката се надмина себе си и направи радикална природна промена се гледа и на следните фотографии додека носи очила.
Сара гордо се пофали со новиот имиџ, а со овој нејзин потег ги изненади нејзините следбеници кои едвај ја препознаа.
Сара Мејс периодов се почесто изненадува со физичките промени на себе беше и тоа што ослабе доста по породувањето со Кирил, но и тоа што неодамна се поднови со нова тетоважа на нејзината дланка.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/СараМаче