Заедно со неговиот 18-годишен син Круз, Дејвид Бекам овој месец направи нова тетоважа, посветена на неговата сопруга Викторија. Исто како што Круз на својот лактот го истетовира прекарот на мајка си од ерата на Спајс Грлс, Бекам сега реши да напише „Пош“ на своето тело. 48-годишната фудбалска легенда го стави прекарот на својата сопруга но на малку незгодно место – среден прст.
Тетоважата всушност беше „спојување“ на татко и син, бидејќи истиот ден во истиот салон за тетоважи, холивудскиот Shamrock Social Club, Круз имаше истетовирано ангел на неговата нога. Дејвид има повеќе од 60 тетоважи на своето тело, а неколку од нив и посвети на Викторија – од нејзиното име до нејзината илустрација во долна облека, која му ја краси раката, како и 10 рози кои ги истетовирал на 10-годишнината од нивниот брак во 2009 година.
Дејвид и Круз не се единствените членови на семејството Бекам кои лудуваат по тетоважи. А 24-годишниот Бруклин го украси своето тело со 100 тетоважи, од кои огромното мнозинство се посветени на неговата сопруга Никола Пелц.
Фото: Принтскрин/Профимедиа