Наташа Беквалац реши да му се спротистави на својот долгогодишен порок и да се подложи на лекување. Ова не е прв пат Наташа да се откаже од цигарите, но првпат тоа го прави со помош на професионалци.
Како што се дознава и покрај големата желба да се откаже од цигарите, не успеала, па наместо традиционални цигари продолжила да користи електронски.
– Наташа со години се обидува да се избори со овој порок. Пред извесно време успеала да ги остави класичните цигари, а потоа се „закачила“ на електронските цигари. Со својот успех се пофали и на Инстаграм, но тоа не траеше долго и не и успеа. Кога сфатила дека не може сама, решила да побара помош од стручни лица и да замине на лекување. Во рамките на терапијата и борбата против зависноста, Наташа ќе разговара и со психолог, а ќе биде извршена и детална анализа, за да се утврди коренот на нејзината долгогодишна борба со никотинот. Тоа е нејзиниот приоритет овие денови. Таа се справи со тој проблем и реши да го истурка до крај -изјавил соговорникот.
Да потсетиме, Беквалац, која е и сопственичка на хитот „Никотин“, во медиумите зборуваше за својата борба со пушењето.
– Покрај борбата со килограмите, една од најтешките битки, а не дека не сум ги водела, е борбата со цигарите. Оваа заразна болест ја има шифрата F17 во меѓународната класификација. Значи, јас ја имам шифрата – признала Наташа, која има целосна поддршка од семејството во оваа голгота. Со текот на годините, таа се обидувала да го реши овој проблем со акупунктура, како и со читање книга во која се зборува за најлесните начини да се откажете од цигарите, но очигледно не постигнала голем успех.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Наташа Беквалац/Ненад Костиќ