Јелена Карлеуша одржа спектакл во Белград, а концертот беше потполно бесплатен за сите посетители.
Безброј костими, играчи, неверојатни изведби и фантастични изведувачи како Сајси МЦ, Мими Мерцедес, Милица Павловиќ, сето тоа имавме на концертот на Карлеуша, каде таа не штедеше ниту пари ниту енергија.
Ова шоу го следеа илјадници луѓе, а во бекстејџот беа најблиските на Јелена. Таму беа нејзините ќерки Атина и Ника, како и сестрата на нејзиниот се уште законски сопруг Душко Тошиќ, Катарина, која ги изненади сите со своето присуство.
Катарина и пружи несебична поддршка на Карлеуша и одлично се забавуваше за време на концертот, заедно со нејзината ќерка која ја обожава Јелена.
Песната и настапот со песната „Абу Даби“ особено ја воодушеви сестрата на Душко, па видеото го сподели на својот Инстаграм профил.
Инаку, Катарина и нејзината ќерка неодамна беа на роденденската прослава на Атина и Ника, во луксузен хотел во Белград, а на прославата се појави и мајката на Душко, Николета која се сликаше со снаата и уште еднаш докажа дека нема лоша енергија меѓу нив.
фото:Инстаграм принтскрин/Приватна архива Hello.rs