За Ана Николиќ велат дека е една од најубавите српски пејачки, а своевремено беше и меѓу најзгодните. По осцилацијата во килограмите од бременоста, Ана драстично го смени изгледот.
-Здраво свете! Фотографираше Раста, кој вели дека е доктор – напиша Ана на Инстаграм за фотографијата на која изгледа доста заслабено.
Изгледа дека конечно по голема мака успеа да најде мера за да се врати на старо. Изгледа задоволно и самоуверено во својата кожа.
Нема сомнеж дека во последно време не и беше лесно, особено поради разделбата со сопругот по породувањето, но сега коцките се сложија, а таа веројатно го најде својот мир.