Џенифер Лав Хјуит беше типично слаба девојка, а публиката ја освои со улогата во серијата „Шепотот на духовите“.
Џенифер кариерата ја стави во втор план кога во 2013 година се оствари во улогата на мајка, а нејзиното семејство стана побогато со уште еден член во 2015 година.
Како мајка на две деца, ќерка и син, таа реши да не ангажира дадлика, туку самата да се грижи за децата.
Неодамна реши да се врати на актерството, но јавноста беше прилично изненадена од нејзиниот изглед со околу 30-тина килограми повеќе за кои вели дека не и е толку грижа и дека најважни и се децата.
Инаку, Џенифер се придружи на екипата од серијата „9-1-1“ и со тоа се враќа на телевизиските екрани.
FOTO: PROFIMEDIA