Радио Милева одлука

„Ќе се оженам со Наташа Беквалац “:  Дарко Лазиќ изненади со својата изјава една недела по венчавката (фото)

„Ќе се оженам со Наташа Беквалац “:  Дарко Лазиќ изненади со својата изјава една недела по венчавката (фото)

Фолк пејачот Дарко Лазиќ е главна тема на социјалните мрежи поради честото менување на партнери, а неодамна се ожени со својата вереница Катарина, но сега повторно се најде во центарот на интернет.

Овој пат го споредија со Наташа Беквалац, а тој ја прифати шегата и изјави дека таа ќе биде следната со која  ќе се ожени.

Дарко гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ кај Огњен Амиџиќ одговарајќи на неговите незгодни прашања, а едно од нив беше за Наташа. Огњен во еден момент му ја открил на Дарко сличноста меѓу него и Наташа Беквалац, алудирајќи на тоа дека таа неколку пати била мажена.

– Го виде ли она за Наташа Беквалац? – праша Огњен.

– Види, уште со неа ќе се оженам и толку. Ако се разведам од Катарина, ќе се оженам со Наташа – се пошегува Дарко.

Да потсетиме, Катарина и Дарко неодамна имаа свадба за паметење, а првпат збиле заедно во врска пред 14 години. Во споменатата емисија пејачот откри дека по раскинувањето, до помирување, тој периодично флертувал со неа.

Фото: Принтскрин/Амиџи Шоу/Шутерсток

To top