Новак Ѓоковиќ ги врти другите тенисери околу рекетот, но кој го врти околу малиот прст? Не е Рафаел Надал, ниту се поопасниот Карлос Алкараз…
Освојувачот на 23 Гренд слем титули има намера да додаде уште една во својата ризница од Њујорк, а некој би рекол дека неговиот пат до финалето е сигурен.
Во слободно време ја забавува публиката, понекогаш малку се расправа со нив, се дружи со фановите и медиумите и попат открива неколку интересни епизоди од приватниот живот.
Ѓоковиќ на прес-конференцијата зборуваше и за својата ќерка Тара која неодамна го прослави шестиот роденден. Таа несомнено е негова миленичка, потврда дека постои посебна врска меѓу татковците и ќерките.
‒ Многу сум чувствителен на неа, се топам кога ќе ми каже нешто или ќе ме прегрне. А таа е мала манипулаторка, па ме врти околу малиот прст. Што и да прави, јас скокам – со насмевка призна Новак.
Со синот Стефан, вели, приказната е поинаква.
‒ Машкиот однос е нешто поцврст, мислам дека мојата улога како татко е да го подготвам за живот, да бидам одговорен маж, да се носи себеси и идното семејство. Секое дете го сакам на посебен начин, тоа е неизмерна љубов, не се споредува со ништо.
фото:ATA Images/Profimedia