Плоштадот „Слобода“ во Штип беше претесен за штипјани, кои дојдоа да го поздрават стартот на караванот „Македонијо во срце те носиме“.
На сцената публиката ги виде и слушна Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе и Миле Кузмановски.
Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни.
Сите се спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел – да им се продолжи векот на песните.
Да се испрати порака особено до идните генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното.
Затоа и вие во вашиот град или во билокој друг каде караванот ќе врви бидете дел од „Македонијо во срце те носиме“.
Дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас.
По Штип караванот продолжува во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци, а ќе заврши во Скопје.
Стартот на концертите од музичкиот караван во сите градови во Македонија е во 20 часот.