Пејачката Нина Бадриќ отсекогаш важела за згодна дама со прекрасна фигура, но во изминатиов период поп ѕвездата стимулативно работеше на себе.
Таа пред две години воведе нова диета и до ден денес строго се придржува до неа. Имено, таа од исхраната ја исклучувала храната од животинско потекло, но понекогаш се почестува со риба. Диетата на Нина Бадриќ и донесе оживување по многу труд…
– Од кога се хранам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се сјајни, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со претходните години, кога не размислував толку за храната и што јадам.
– Ја следам диетата на Новак Ѓоковиќ и на многу блиски луѓе кои така се хранат со години и се навистина има смисла. Мојата сила тројно се зголеми. И духот и телото. Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и на сите им препорачувам да го зајакнат имунитетот со здрава исхрана и затоа килограмите се топат. Оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, а придобивките од ваквата диета се навистина непроценливи за нашето здравје и живот – изјави Нина Бадриќ, која е очигледен пример дека никогаш не треба да се откажувате од себе. ..
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Нина Бадриќ