Теа Таировиќ е една од пејачките кои најмногу заработуваат на јавната сцена, а сега откри дека од првиот хонорар можела да купи само неколку ситници.
Додека сега заработува и по 15.000 евра по настап, небеше така кога почнуваше.
– Првата заработка ми беше доволна за да купам сендвич, кафе и гуми за џвакање – рекла пејачката, а потоа се осврнала на изјавата на нејзината колешка Галена со која настапила на Ташмајдан, која наводно рекла дека „луѓето во Србија се шовинисти. “.
– Што и да кажам ќе биде погрешно, но познавајќи ја, верувам дека жената воопшто не е во тој стил. Тоа можеби звучеше малку непристојно, но сигурна сум дека беше извадено од контекст.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Теа Таировиќ